Од почетокот на овој месец, зголемени се активностите на Одделението „Услужна Хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“, за подигање, транспортирање и депонирање на комуналниот отпад на подрачјето на град Охрид, викенд населбите и селата Св.Стефан, Лагадин, Елешец, населбата Исток, Пештани, Трпејца,  Љубаништа, Подмоље, Долно Лакочереј,  Горно Лакочереј, Рача, Коњско, Косел, Ливоишта, Орман, Вапила, Опеница, Куратица, Велгошти , Лескоец, Елшани, Рамне и Велестово.

Динамиката на подигнување на комуналниот отпад е дефинирана по денови и реони, каде услугите се димензионирани според потребите на градот, френквентноста на населението и сообраќајот и досегашното искуство.

Така во одредени денови се подигнува секојдневно , а во другите делови два пати или еднаш неделно, притоа се опфатени и приградските населби. Во туристичките населби подигањето се интензивира во летниот период.“ – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Оттаму велат дека од хотелите и туристичките приградски населби отпадот се подига секојдневно, а возилата се ангажирани и во вечерните часови.

Во летниот период е активирана  служба за секојдневно подигање на зелен и кабаст отпад кој се депонира покрај контејнерите и други локации.“ – велат од претпријатието.

Ohridnews