Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2016 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 1.2% во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 11.6%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 21.9%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: индустриските и градинарските растенија, грозјето и добитокот.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во јули, додека во август и септември е забележано опаѓање.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот e на исто ниво, а кај аутпутот е намален за 4.3%.

ОхридНењс