Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во март, во однос на  претходниот месец се зголемени за 0,4 отсто, а во однос на март лани се повисоки за 1,4 проценти. 

Пораст на индексите во март во однос на февруари е забележан во групите – Транспорт за 2,9 отсто, Мебел, покуќнина и одржување покуќнина за 0,4 отсто, Храна и безалкохолни пијалоци, Домување, вода, електрика, гас и др. горива и Останати стоки и услуги за 0,3 отсто, Облека и обувки и Рекреација и култура за 0,2 отсто, Алкохолни пијалоци, тутун и Здравје за 0,1 отсто.

Намалување на индексот на трошоците на животот е забележано во групата Комуникации за 0,3 отсто. На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите Образование и Ресторани и хотели.

OhridNews