Во знак на поддршка на кампањата „Обој го светот портокалово: КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ СЕГА!“ зградата на Општина Охрид симболично е осветлена во портокалова боја со цел симболизирање посветла иднина во која нема место за насилство.
Кампањата 16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата започнува од денес, 25 Ноември – Меѓународниот ден на елиминација на насилството врз жените, а трае до 10 Декември – Денот на човековите права.
OhridNews












