Во знак на поддршка на лицата со аутизам, а по повод Светскиот ден на свесноста за аутизмот – 2 Април, синоќа во сина боја беше осветлена зградата на Општина Охрид.

Светскиот ден за подигнување на свеста за лицата со аутизам е прогласен во 2008 година. Оттогаш се одбележува секој 2 април. Во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушување светот се бои во сино, напиша градоначалникот Пецаков по повод Светскиот ден за подигнување на свеста за лицата со аутизам.

Ohridnews