Во 155 згрижувачки семејства во земјава, сместени се 220 деца кои се напуштени од своите родители. Со цел да се обезбеди подобра заштита на новороденчината кои се лишени од родителска грижа, згрижувачките семејства се обучуваат за чување на деца до 3 годишна возраст. Ова вчера во Софија го изјави Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, на регионалната министерска конференција на тема: “Стоп на сместувањето на децата до три години во институции: поддршка на семејствата во одгледувањето на мали деца”.
Според ресорниот министер, оваа категорија на деца под три години, кои се сместени во државните установи, се најранливата категорија на деца во општеството. „Современите истражувања покажуваат дека периодот до три годишна возраст е првата развојна фаза во животот на детето. Доколку децата се сместени во институциите, а не во згрижувачки семејства, можат да се појават штетни ефекти врз здравјето и понатамошниот развој на детето“ – истакна Спировски.
Од министерството посочуваат дека се преземаат конкретни активности, за оваа ранлива категорија. Децата кои се напуштени од родителите соодветно да бидат сместени во згрижувачки семејства. „Во последните 12 години бележиме пад на бројот на деца до 18-годишна возраст во институционална грижа. Во 2010 година, низ овие државни установи сместени се 642 лица.“ – вели Спировски.
На оваа дводневна конференција ќе учестуваат претставници на 20 земји од Европската Унија, во покровителство на претседателот на Бугарија Росен Плевлениев во соработка со УНИЦЕФ.
Со лозот „Титаниум“, Државна лотарија продолжува да ја збогатува понудата на инстант игри што носат возбуда и надеж Лоз што носи уникатна можност за освојување автомобили и парични добивки, создаде...
Денес, на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во пријатна и интерактивна атмосфера се одржа отвореното предавање „Исхраната како грижа за себе: женското здравје во фокус“, со проф д-р Ан...
Лидл Македонија продолжува со кампањата за вработување „Добра игра Фер плеј“ и ги поканува заинтересираните кандидати од Струга и околните населени места, да се запознаат со можностите за работа во...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.