-Мислaм дека годинава има жаби како никогаш до сега. Непријатно е да знаете дека во езерото има толку многу жаби. Според мене жабите најчесто живеат во мочуришта и сметам дека причина поради која доаѓаат во кајбрежниот дел од езерото е токму загадувањето, коментира еден повозрасен охриѓанец.

Но научните работници не се согласуваат со констатацијата на граѓаните и објаснуваат дека зголемениот број на жаби во крајбрежјето е поради периодот на нивно парење.
-Периодот на парење на жабите е секогаш во овој дел од годината и истите доаѓаат во крајбрежјето бидејќи во овој дел водата е поплитка и тука се собира алгата, која исто така цвета во овој период. Периодот на парење трае окоу две недели што значи дека за кратко време ќе запре и крекањето на жабите. Значи не се работи за било какво загадување во езерото и оваа појава се случувала и во изминатите години, вели д-р Сузана Патчева, директор на Хидробилошкиот институт во Охрид.
Таа нагласува дека жабите ретко се предмет на научни истражувања и следења и затоа со прецизност не може да се каже дали оваа година бројот на жабите е зголемен и која е причината за таа состојба.











