На сила останува службената победа на Јувентус од 3-0 и одземениот бод на Наполи на табелата за неодиграниот дерби натпревар во Серија А, откако судот во склоп на Фудбалската федерација на Италија ја одби жалбата на „азурите“.

„Наполитанците“ не се појавија на мечот во Торино поради позитивни случаи на коронавирусот, помеѓу кои беше Македонецот Елиф Елмас и мерката за самоизолација и карантин за сите кои имале контакт. Фудбалерите на Јувентус истрчаа на теренот во Торино колку да се испочитуваат правилата за почеток и крај на натпревар.

OhridNews