Некогашниот шеф во Ферари додека Михаел Шумахер освојуваше титули во Формула 1 шампионатот Жан Тод даде информации околу здравјето и состојбата на легендарниот пилот, кој на крајот од 2013 година се чукна во карпи при скијање во Франција. Од тогаш до ден денес нема информација од семејството на Шумахер, а Тод е еден од ретките кој ја информира светската јавноста која пет и пол години будно ја следи сутиацијата.

  • Секогаш сум претпазлив кога треба да дадам оценка за Шумахер. Но можам да кажам дека гледав една Ф1 трка со него во Швајцарија. Михаел во најдобрите раце и добро се грижат за него. Тој не се откажува и продолжува да се бори. – изјави Тод за радиото Монте Карло.

Тод кој моментално е прв човек на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) изјави дека се растажил бидејќи не можел да комуницира како претходно со својот пријател.

  • Неговата фамилија се бори исто колку и тој самиот. Пријателството не може да биде исто како порано бидејќи немаме комуникација. – додаде Тод.

Во крајот од интервјуто Тод порачал дека фамилијата посакува само позитивни мисли кои најмногу ќе им помогнат во борбата за здравјето на Шумахер.

OhridNews