Ден после одигрувањето на осминафиналните натпревари во Лига купот се изврши ждрепката за двојките во четвртфиналето. Ждпреката ги посака фаворитите и се одбегнаа во борбата за влез во 1/2 финалето.

Манчестер Јунајтед кој го елиминираше Челси за противник го доби Колчестер Јунајтед, Ливепул кој во драматичен меч го помина Арсенал ќе се сретне со Астон Вила. Манчестер Сити ќе ги одмери силите со Оксфорд на гостински терен а во премиерлигашкото дерби ќе се судрат Евертон и Лестер.

Натпреварите од 1/4 финалето во Лига купот ќе се одиграат на 16 декември.

Двојки 1/4 финале:

Манчестер Јунајтед – Колчестер Јунајтед

Ливерпул – Астон Вила

Оксфорд – Манчестер Сити

Евертон – Лестер

OhridNews