Во Државната изборна комисија денеска ќе се одржи ждреб на кандидатските листи за претстојните вонредни парламентарни избори на 11 декември.

Во изборната трка ќе учествуваат коалицијата предводена од владејачката ВМРО ДПМНЕ, коалицијата предводена од опозициската СДСМ, Коалицијата за промени и правда, коалицијата ВМРО за Македонија, коалицијата  Алијанса за Албанците, како и партиите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.

Изборната кампања започнува во понеделник 21 ноември. Традиционално ВМРО ДПМПНЕ кампањата ќе ја започне од Охрид, а СДСМ во Прилеп.

OhridNews