Ждрепката за распоредот на натпреварите во новата фудбалска сезона која стартува на 30 јули , e планирана да се одржи на 24 јуни. Во годишниот распоред кој федерацијата го испланирала сабота 24 јуни е датумот кој е посочен како ден кога ќе се изврши извлекување за новото првенство 2011/2012.

Новина оваа сезона и тоа прв пат во историјата на македонскиот фудбал ќе биде одигрувањето на Суперкуп-натпревар меѓу освојувачите на трофеите во првенството и во купот – Шкендија и Металург.

Ohridnews