Учесниците на договорниот состанок од Б-квалификациската група за ЕП 2012г. во Москва не постигнале договор за натпреварувачкиот календар.


– Состанокот започна одлично за нас. Сите наши предлози со мал компромис беа прифатени од сите репрезентации. Беа прифатени и предлозите на домаќинот Русија и на Андора. Сепак работата запна помеѓу селекциите на Ерменија, Ирска и Словачка. Според она што беше прифатено нашата репрезентација требаше да стартува со Андора во Скопје. Следуваше гостување во Словачка и Андора и тн.- изјави по состанокот Игор Климпер.

Селекторот Мирсад Јонуз изјави дека не е разочаран од епилогот иако речиси сите наши предлози беа прифатени. Она што е најважно успеавме да договориме средби и во термините за пријателски натпревари со што беа избегнати двојните термини. Вака останува среќата и извлекувањето во организација на УЕФА-изјави Јонуз.

Со тоа последниот збор ќе го даде УЕФА која ќе организира извлекување на натпреварувачки броеви во Тел Авив (Израел) следната недела.