Носителот на двојната круна во футсал првенството и купот на Македонија, КМФ Железарец од УЕФА доби известување дека ја доби организацијата на претквалификацискиот турнир за УЕФА футсал купот.


Турнирот ќе се одигра во Скопје во СРЦ Кале од 17-21 Август, а групата ќе брои 4 екипи. Ова третпат како нашиот шампион добива признание од УЕФА како домаќин на ваков турнир.

Шефот на стручниот штаб на „железарците”, селекторот Васко Скендеровски најави силен состав кој ќе се обиде по вторпат да се квалификува во квалификациска група:

– Составот на групите ќе биде познат на 6. Јули кога е извлекувањето во седиштето на УЕФА во Нион. На овој настан лично ќе присуствувам и посакувам во групата да се најдат од носителите шампионите на Црна Гора, Литванија, од третиот шешир претставниците на Бугарија, Малта , Албанија и од 4. шешир екипи од скандинавските земји кои се почетници во футсалот. Најважно е да составиме добар тим во кој костурот сигурно ќе го сочинува комплетната репрезентација засилена со два-три млади играчи. Доколку го поминеме претквалификацискиот круг во квалификациите ќе се засилиме со двајца квалитетни играчи од Србија со кои веќе преговараме- изјави тренерот на Железарец Васко Скендеровски.

Ohridnews