Холандскиот Ајндховен е победник на квалификацискиот турнир за влез во Лигата на Шампиони во футсал. Во одлучувачкиот натпревар Ајндховен со 7-4 го совлада македонскиот шампион Железарец.


Стрелци на головите за македонскиот шампион беа Ранготов 2, Кадински 1 и Мартин Тодоровски 1.

М.П.