Градежните работи за изградба на северната обиколница – булеварот „Железничка“, се во тек. На одредени зони веќе се изградени тротоарите, а претстои проширување на коловозот кој со години чекаше на реконструкција.


Границите на проширување на „Железничка“ одамна се утврдени, а градежните работи за реконструкција на оваа мошне значајна сообраќајница започнаа минатиот месец.



На отпочнувањето на реконструкцијата, што се совпадна со предизборната кампања, министерот за финансии, Трајко Славевски истакна дека средства  за реализација на овој проект  се обезбедени во буџетот за 2009 година, со што конечно ќе се заврши изградбата на булеварот „Железничка“.


Железничка доби тротоари на ред е коловозот

Северната трансферзала чија изградба започна во седумдесетите години од минатиот век, треба го  растовари сообраќајот и да ја подобри безбедноста на жителите кои живеат тука. Сообраќајницата е во должина од 2,5 километри, а градежните работи е предвидено да траат околу пет месеци.

Ohridnews