Изградбата на булеварот „Железничка“ е завршена и се очекува наскоро тој да биде пуштен во употреба. Тоа, како што дознаваме, најверојатно ќе се случи до крајот на декември во присуство на премиерот Никола Груевски.

Преку северната обиколница ќе транзитираaт товарните возила и автобусите од меѓуградските линии, со што во голема мера ќе се растовари сообраќајот во Охрид.

Во изградбата на обиколницата на која охриѓани чекаа со години Владата инвестираше 2,5 милиони евра.

OhridNews