Со свеченост на која ќе присуствува премиерот Никола Груевски, денеска во употреба ќе биде предаден булеварот „Железничка.

Преку северната обиколница е предвидено да транзитираат товарните возила и автобусите од меѓуградските линии, со што во голема мера ќе се растовари сообраќајот во Охрид. Во изградбата на обиколницата на која охриѓани чекаа со години, Владата инвестираше 2,5 милиони евра.

Во предвидените активности на премиерот за денес во Охрид е и свечено пуштање на локален пат во селото Оровник, како и пуштање во употреба на зграда со социјални станови во населбата Бејбунар.

Груевски ќе присуствува и на состанок на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ , што денеска ќе се одржи во Охрид.

OhridNews