Во железничка несреќа што се случи во австриската провинција Стирија загина најмалку еден човек, а над 20 се повредени. Според информациите, еден воз, од засега непознати причини, излетал од шините и странично удрил во друга локомотива, во 1 часот по локално време кај јужниот австриски град Никласдорф.

Австриската полиција  потврдила на „Твитер“дека една жена загинала, а три деца се меѓу дваесет и двајцата повредени и кои се пренесени во болница. Во несреќата учествувале прекуграничен воз на Еуро Цитѕ, кој патувал од Грац до Саарбрикен во Германија и патнички воз.

Итните служби и Црвениот крст се на местото на настанот. Австриските федерални железници (ОББ) објавија дека работниците се мобилизирани и операцијата за расчистување е почната.