На граничниот премин Табановце при контрола на автобус кој се обраќал на релација Охрид – Белград, биле пронајдени 450 живи црвеноушести желки.

При контролата во платнена торба, која се наоѓала покрај првите седишта во просторот за патници, биле пронајдени 450 аквариумски желки, со зелена боја од горната и жолта од долната страна од оклопот и со големина од околу 4 см. Возачот изјавил дека торбата ја презел на попатната станица во Скопје од непознато лице, кое го замолило да му ја пренесе истата до Белград.

 
Желките се предадени на Зоолошка градина-Скопје, а за случајот се информирани Ветеринарниот инспектор на граничниот премин Табановце автопат, Управата за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина, информираат од Царинската управа.

Против возачот на автобусот ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка, соопшти Царинската управа на Република Македонија.

OhridNews