На концертот на балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, што ќе се одржи во Охрид во петок, 17-ти јануари, ќе настапи и македонскиот претставник во шоуто „X factor“ Даниел Кајмакоски.

Ова го најави неговиот ментор во шоуто Жељко Јоксимовиќ, пред синиоќешниот настап на Даниел во елиминициската емисија која се емитуваше во живо, критикувајќи го притоа јавно Македонецот за непојавување на закажаниот концерт во Нови Сад.

Даниел во шоуто „X factor“, синоќа, ја испеа песната „Чија си“ на Тоше Проески и со позитивни оценки од жирито обезбеди пласман во наредниот круг од музичкиот натпревар. Пласман обезбеди и вториот македонски претставник Фифи.

OhridNews