На свечена седница што ќе се одржи во четврток, 4ти декември, здружението на граѓани „Богојавление“, ќе ги обелодени новите кумови на Водици 2015 во Охрид. Тоа се балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески.

Предвидено е празнувањето на Водици 2015 да трае четири дена со богата културно забавна програма и бројни изненадувања за посетителите, а ќе биде подготвена и традиционалната рибна чорба за Денот на рибарите. 

Од „Богојавление“ изнформираат дека во полн ек се подготовките за одбележување на празникот кон кој во Охрид владее посебен култ. До овој момент 17 охридски хотели понудиле попусти на празничните аранжмани за Водици, кои за прв пат ќе важат во периодот од 12 до 20 јануари 2015 година и ќе го опфатат празникот Стара Нова година – Василица. 

Попусти за празникот ќе нудат и охридските угостители кои индивидуално ја подготвуваат празничната програма. 

Г.М.

27.11.2014 Двајца бизнисмени и голема балканска музичка ѕвезда во конкуренција за кум на Водици 2015