Новите кумови на манифестацијата Водици, македонскиот бизнисмен Зоран Милески и познатата балканска музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ  за големиот верски празник се очекува да пристигнат во Охрид со своите семејства и пријатели. Кумството од кумовите на манифестацијата за 2014 , градоначалникот Никола Бакрачески и Сашо Симески , ќе го преземат на 17- ти јануари на традиционалната церемонија на примопредавањето на кумството во црквата Свети Никола Ѓеракомија.

Годинава според најавите на организаторите се очекува рекорден број гости да го посетат градот за празнувањето. Чинот на осветувањето на водите на езерото и фрлањето на светиот крст ќе го проследат над 30.000 луѓе од Македонија и соседните земји Србија, Бугарија, Грција, Албанија.

Празнувањата ќе започнат на 16- ти јануари.

OhridNews