„Исклучителна чест ми е што ќе бидам дел од оваа прекрасна церемонија. Голем поздрав за мојата мила Македонија!“ со оваа порака музичката ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, преку Facebook јавно се заблагодари за доделеното кумство на големиот православен празник Богојавление Водици во Охрид.
На свечено објавување на новите кумови за 2015 година, кое се одржа денеска, организаторите на манифестацијата потенцираа дека Јоксимовиќ пројавил желба да биде кум на Водици пред една година, кога во рамки на празнувањето на овој празник одржа концерт во салата „Билјанини извори“.
OhridNews