Познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ изјавил дека сака да биде кум на манифестацијата Водици во Охрид. Јоксимовиќ планира својата кандидатура за кумство да ја достави до здружението „Богојавление“ , организатор на манифестацијата.

Жељко Јоксимовиќ беше дел од годинешното одбележување на празникот,  со одржаниот концерт во салата „Билјанини извори“ што беше вовед во празничниот викенд за прославување на Богојавление-Водици.

OhridNews

извор МИА