Најтрофејниот кошаркарски стратег во Евролигата со осум титули, Жељко Обрадовиќ во јуни ќе биде гостин во Струга, каде во организација на Македонската кошаркарска федереција, Агенцијата млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет ќе се организира кошаркарски камп за деца од 1999 година и помлади, а ќе биде од отворен карактер и за сите други постари генерации.

МКФ учествот покрај српскиот стратег присуство на кампот во Струга најави од актуелниот селекторот на сениорската репрезентација Алеш Пипан и кондициониот тренер на селекцијата Сандро Бенкардино.

– Струга со своите терени дават одлични услови за одржување кошаркарски камп. Во јуни, во организација на МКФ, Агенцијата за млади и за спорт и на Македонскиот олимписки комитет, ќе имаме изборен камп за деца од генерациите од 1999 година и помлади, кој ќе биде отворен и за сите други и постари генерации. За тоа дека се работи за многу сериозен проект покажува и самото доаѓање на легендарниот Обрадовиќ, како главен гостин на кампот. Покрај него ќе биде и неговиот прв асистент од деновите кога заедно освоија пет титули во Евролигата со Панатинаикос, Димитрис Итудис, потоа Словенецот Тоне Крум, комесар за млади категории во ФИБА Европа, а можно е да дојде уште една тренерска легенда од Србија. Покрај сите тренери во Македонија, на кампот ќе биде и селекторот Алеш Пипан, кондицискиот тренер Сандро Бенкардино, а веројатно ќе има и специјалист по психологија. Целта на сево ова е во што пократок период да оспособиме и создадеме што повеќе и поквалитетни македонски кошаркари. Самиот факт што сега секоја екипа што се натпреварува во трите лиги има младински тим кажува дека сме на вистински пат кон остварување на нашата цел, во иднина да создадеме силна македонска лига од наши играчи, а со тоа и силни репрезентации, во сите категории – за “Нова Македонија“ рече Дејан Лекиќ.

Од минатата сезона МКФ воведе правило за “суперлигашите“ да имаат барем еден младински кошаркар на паркетот во првата полусезона. Затоа како награда од куќата на кошарката стигна организација на камп со звучен гостин како Обрадовиќ за да се популаризира кошаркарата меѓу најмладите.

Мх.П.