Кошаркарската легенда Жељко Обрадовиќ ќе биде почесен гостин на кошаркарскиот семинар, кој ќе се одржи во Охрид од 14 до 17 јуни, а веќе в четрок на 23 мај Охрид ќе биде домаќин на “Грасрут“ настанот, кој го организира Фудбалската федерација на Македонија.


 – Тоа се само дел од активностите што веќе ги имаме договорено и ќе се одржат во Охрид. Но, тука не планираме да застанеме, сакаме Охрид да го направиме спортски центар, во кој ќе доаѓаат екипи или репрезентации од целиот Балкан, а не само од Македонија. За тоа потребна ни е помош од сите структури во градот – рече В.Д. директорот на Јавното претпријатие, Иван Цветкоски.

Српскиот кошаркарски стратег во својата богата кариера осум пати ја покорено Европа од кои во пет наврати со Панатинаикос по еднаш со Реал Мадрид, Јувентут Боладона и со Партизан. Од селекторската позиција Обрадовиќ ја предводел Југославија до златен медал на ЕП во Грција 1998 година и една година претходно на СП во Шпанија.


Јавното претпријатие започна со спортските настани под капата на новиот директорот, Цветкоски. Под Самоиловата тврдина се одржа Балканско првенство во џудо, во кое учество зедоа 550 натпреварувачи.

– Најголем показател за спортска масовност беше Балканското првенство во џудо. Кога ќе се погледне колку млади спортисти беа во Охрид одма се добива друга слика за нашиот град. Тоа ќе биде поттик за и понатаму да биде Охрид организиратор на големи натпреварување –
заврши Цветкоски.

Мх.П.