На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 49-годишно лице од селото Долно Лакочереј, охридско, удрило во 65-годишна жена од Австралија, со престој во Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews