Вчера во 10.25 часот пред банка на булевар „Туристичка“ во Охрид, патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишен охриѓанец удрило во 45-годишна жена од Велгошти.
Во незгодата таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

При извршен преглед, кај него пронајдени и одземени се еден остар предмет и еден метален боксирач. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, – соопшти СВР Охрид.
Исто така ноќеска, во 00,15 часот, на булевар „Туристичка“ во Охрид, при преглед кај 22 годишно момче биле пронајдени метален нож и едно најлонско пакување со опојна дрога марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.
OhridNews











