Во СВР Охрид, вчера, дошла 54- годишна битолчанка и пријавила дека лично се обидела да ги опожари становите на нејзиниот 30- годишен син. Едниот стан лоциран на ул. „Момчило Јорданоски“  во Охрид, а другиот на ул. „Питу Гули“ во Битола.

Пожарите биле изгаснати од страна на ТППЕ Битола, односно ТППЕ-Охрид. Увид извршиле надлежни екипи, при што било утврдено дека во станот во Битола целосно се изгорени аголна гарнитура за седење и тепих во дневната соба, тепих во ходник, а оштетена и опожарена е целата покуќнина во кујната, трпезаријата, дневната соба и спалната соба. Додека, пак, во станот во Охрид опожарен бил двоседот, а од пламенот оштетен бил и телевизорот.

OhridNews