Утрово во Гостивар при напад со остар предмет две лица се повредени, а една жена е убиена.

Според информациите од СВР Тетово, едно лице е приведено поради сомнеж за вмешаност во случајот.

  • Утрово во 3:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека има повредени лица на улицата „Илинденска“ во Гостивар каде беа испратени полициски службеници кои констатирале дека повредена е 78-годишна жена и сопружници. Тие биле пренесени во болница каде највозрасната им подлегнала на повредите, а другите двајца биле пренесени на скопските клиники“, информираа од полицијата.

Приведениот е на возраст од 46 години. Засега не е познат мотивот за нападот.