Во дом на жена во Радожда, струшко, при претрес извршен по наредба од јавен обвинител, биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба, за кои постоело претходно сознание дека се предмет на криумчарење.  Осомничената е лишена од слобофда од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Франгово, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, против приведената ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

OhridNews
Фото: Архива