Охриѓанката Т.З.(58), се здоби со тешки телесни повреди во пределот на колкот, откако камион-влекач соборил бандера со телефонски кабли, на улицата Јане Сандански во Охрид.

Според полицијата собраќајната незгода се случила вчера во 20 часот на раскрсницата помеѓу улиците Јане Сандански и Даме Груев.  Камионот поради неговата голема висина, со горниот десен дел од приколката, закачил во телефонски кабли. При повлекувањето на каблите, се соборила и една од бандерите на која истите биле поврзани. Во моментот на падот на бандерата и на каблите, бил зафатен случајниот  минаувач, Т.З., која се здобила со тешки телесни повреди, но поради брзата интервенција на медицинските служби истата е згрижена во болница Св. Еразмо и е надвор од животна опасност.

На местото на несреќата е извршен увид и интензивно се превземаат мерки за расветлување на овој случај.

OhridNews
Извор:СВР-Охрид