На работилниците се говореше за : проактивноста, постигнување на лична независност, градење на квалитетни односи со другите и постигнување на зацртаните цели во сите сфери од животот. Следен чекор е на заинтересираните жени од Вевчани да им се помогне да направат бизнис план за нивните бизнис идеи.
– Наша главна цел е да охрабриме што повеќе жени да отпочнат свој бизнис и да почнат проактивно да бараат начини за постигнување на поголема финансиска независност и градење на кариера која ќе ги исполнува на професионално ниво“ – изјавија организаторите на работилницата.