Иако летната туристичка сезона е на прагот, Женската плажа во Струга сеуште нема концесионер. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека јавното наддавање за земање под закуп на оваа плажа ќе се одржи на 7 јули.
Првите два тендера за Женската плажа целосно пропаднаа откако наддавањето стигна до неверојатни суми од 1 милион евра на првиот и 400.000 евра на вториот тендер. Откако парите не беа уплатени за 15 дена, државата распиша трет тендер.
Со еден од проектите оваа плажа е предвидено да биде најубава на целото охридско-струшко крајбрежје. Предвидена е изградба на терени за спорт, детски игралишта, марина, кафе-барови, места за друштвени игри, а само за попесочување на плажата би се потрошиле 15.000 евра.











