Хокеарките на Канада ги победија САД ноќеска во финалето на Светското првенство 2024 година и го освоија трофејот.

Натпреварот се одигра во Јутика, САД и заврши со резултат 6:5, по продолжение.

Кај канаѓанките два гола постигна Ерин Амброуз, додека Џулија Гослинг, Емили Кларк, Даниел Сердачни и Мари-Филип Пулин имаа по една реализација. Головите за Америка ги постигнаа Лејла Едвардс, Меган Келер, Александра Карпентер, Хилари Хант и Керолин Харви.

Во мечот за третото место Финска ја победи Чешка со 3:2.

Репрезентацијата на Канада стана светски шампион по 13-ти пат. САД имаат 10 победи на Мундијалите. Ниту една друга репрезентација досега не го освоила Светското првенство.

Фото: Илустрација/Freepik