“Охриѓанките“ уживаат во моментите со репрезентацијата иако сеуште ги држи еуфоријата по освојувањето на титулата во македонското првенство.
Трите “охриѓанки“ со Наташа Андонова.
– Првенството беше тешко и напорно, на крајот сами се доведовме да победуваме каде што е најтешко, но тежок е патот до титулата. Следен предизвик за нас ќе биде учеството во Европа. Ќе треба добро да се припремиме затоа што квалитетот од нашите граници е на повисоко ниво – рекоа Милеска, Арсовска и Кривањева.
В среда со почеток 17 часот во Поградец, македонската репрезентација ќе ги одмери силите со соодветната селекција на Албанија. “Трите мускетарки“ очекуваат добра игра и поволен резултатот од гостувањето.