Охридскиот женски фудбалски клуб “Билјанини Извори“ ќе престане да се натпреварува во елитата. Охриѓанки во првата полусезона фуриозно ја освоија есенскста титула, но во вториот нема да имаат можност да ја покорат Македонија и пехарот да го донесат во Охрид.

Информацијата за напуштањето на лигата ја потврди претседателот на клубот, Јовче Попоски.

– Никој во Охрид не е заинтересиран за елитен фудбал. Затоа јас како претседател на “Билјанини Извори“ во најдобрата сезона на клубот се одлучив да го повлечам и да престанеме да се натпревауваме во фудбалската лига – рече Попоски.

Попоски револтиран од ваквиот епилог со женскиот фудбалски клуб се повлече од местото секретар на Општинскиот фудбалски сојуз во Охрид.

Мх.П.