Вечерва од 21 часот на сцената на Атничкиот театар ќе настапи женскиот гудачки квартет од Велика Британија, „Бонд“, чии членови се Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вастерхоф (виолончело).

Од првото деби на „Бонд“, групата има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет. Кваретот ја црпи својата инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, елетро, индиските и стиловите од Средниот Исток, и низ годините се здоби со многу активна и лојална подршка од обожаватели. 

Зад себе имаат безбројни појавувања на телевизии низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија, а шокрај појавувањата на големи телевизиски шоуа, „Бонд“ беше домаќин на CNN’s the Music Room, изведуваше на MTV наградите во Азија и САД, а исто така учествуваше и во телевизиските настапи на Radio City Music Hall во Њујорк.
 
Членовите на „Бонд“ се вклучени во актуелното обраќање на градоначалникот на Лондон и се горди амбасадори на хуманитарната организација за деца, Корам.

OhridNews