Женскиот центар ,,Бисера” од Охрид ја одржа традиционалната Новогодишна хуманитaрна забава. Целта на оваа свеченост на која присустувале бројни гости, била да се соберат материјални средства за купување на новогодишни пакетчиња за децата кои се на болничко лекување во охридските болници.

-Оваа година хуманитарната акција ја направивме во соработка со пекарите и слаткарниците од Охрид, кои донираа свои производи. Производите беа наменети за продажба, а од собраните средства ќе се купат новогодишни пакетчиња, информираат од ,,Бисера”.

Инаку членките на ,,Бисера” до сега многу пати организирале и други активности со донаторски и хуман кaрактер.

OhridNews