Нов лидер на Либерал-демократската партија(ЛДП) е Андреј Жерновски, кој едногласно беше избран од делегатите на петтиот конгрес.

„Нема да се приклониме ниту кон десницата ниту кон левицата и понатаму одиме самостојно. Тоа е нашиот белег, партија отворена за секој со граѓанско – либерален концепт“, порача Жерновски.

Тој вети дека ќе се залага за подобрување на сегашните состојби.

„Живееме во атмосфера на тоталитаризам и основната цел ќе ни биде да се бориме против стравот кај граѓаните“, рече Жерновски, апелирајќи до интелектуалците да го кренат својот глас.

Жерновски на оваа позиција доаѓа по оставката на Јован Манасијевски, кој се повлече заради лошиот изборен резултат на партијата на предвремените избори во јуни.

OhridNews
извор: „Макфакс“