Предлог одлуката за организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата на Општина Охрид ќе се најде на дневен ред на 35-та седница, што ќе се одржи денеска.

Пред советниците ќе се најде и  предлог одлуката за усвојување на Елаборатот за проценка на штетите од невремето кое се случи на 9 јуни, како и предлог одлуката за утврдување на потреба од измена на урбанистичка планска документација заради усогласување на намени на земјиштето и трасите на сообраќајната инфраструктура.

Посебен интерес кај јавноста привлекува расправата по Предлог одлуката за утврдување Нацрт детален урбанистички план за урбана заедница 2, дел од урбан блок 2.4 опфат 1 Охрид – Општина Охрид 2010-2015, за што негодува Факултетот за туризам и угостителстви кој не се согласува со промена на локацијата на која се наоѓа од образование во угостителство и туризам.

Исто така, жешка расправа се очекува и по однос на  Предлог одлуката за давање согласнот на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на надоместоците што ги вршат јавните претпријатија„Погребни Услуги“ и „ Градски гробишта“ Охрид.

OhridNews