Мајами максимално го искористи домашниот терен во 1/2 финалето од “плеј оф“ во НБА Лигата. “Жешките“ втор пат во серија го совладаа Чикаго овој пат со 101-93 и се на чекор до големото финале. 

Мајами – Чикаго 101-93 (3-1)


Леброн Џејмс постигна 35 поени, Крис Бош уфрли 22 додека изненадување на вечерта беше Мајк Милер кој на своето конто запиша 12 поени и девет скока. Кај “булси“ Бузер, Денг и Роуз искомбинираа 63 поени но тоа беа премалку да се триумфираа во Америка Еирлајнс арената.

Мх.П.