Постои или не постои договор за продажба на МЈП „Проаква“? Ова прашање се наметна по меѓусебните обвинувања на актуелната локална власт и охридската опозицијата, откако на седницата посветена на советнички прашања, локалната самоуправа обелодени дека претходната градска власт постигнала штетен договор за јавно приватно партнерство во МЈП Проаква.

-Не постои договор за продажба на ЈП „Проаква“. Не е точно дека поранешната локалната власт во Охрид спровела некаква процедура за продажба на јавното претпријатие. Тоа се невистини. Постои само предлог договор за јавно приватно партнерство со странска фирма, како предмет на преговори во интерес на јавното претпријатие и пред се во интерес на граѓаните на Охрид. Овие преговори до денес не се завршени. Господинот Бакрачевски, како градоначалник, би требало да знае дека договор за јавно приватно партнерство е суштински и реално сосема спротивно од продажба. – велат од СДСМ.

Оттаму посчуваат дека  поскапувањето на цената на водата во Охрид единствено се случило во 2001 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше локална власт.

-Тоа покачување од 30% следуваше откако охриѓани и тогаш беа задолжени со кредит од 4 милиони евра. Со земањето на кредитот од Европската банка, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ се обврза да ја покачи цената на водата за 100%, во 3 фази, на штета на охриѓани. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот директор на Проаква, кој и во тоа време беше на чело на претпријатието, најмалку имаат право да зборуваат на оваа тема. – стои во реакцијата на СДСМ.

Не правете се „Енглези“, возвраќаат од локалната самоуправа на СДСМ.

-Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески во ни еден момент не ја излажа охридската јавност, ниту некогаш ја излажал и од говорницата не кажа дека некој ја продал „Проаква“, туку јасно и гласно кажа дека е водена постапка за издавање на претпријатието под концесија, дека постапакта е завршена, избран е најповолен понудувач, составен е договор за концесионерство во траење три децении, но истиот не е потпишан. Согласно овој договор новоформираното претпријатие кое ќе произлезе од „Аквалија“ би задржало само дел од вработените, ги добива сите приходи од наплата на снабдување со вода, одведување на отпадни и атмосферски води, располага со целиот имотот на двете претпријатија, ги презема побарувањата на „Проаква“, а на претпријатието му ги остава сите останати долгови кои се во износ од дестина милиони евра, остава најголем дел од вработените без никакви извори на приходи. Тоа значи дека и двете претпријатија „Проаква’’ и „Нискоградба’’ заедно со вработените оставени без пари во иднина би пропаднале. -објаснуваат од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека всушност не се работи за јавно приватно партнерство туку за издавање под концесија и дека договорот не само што не е во корист на „Проаква“ и граѓаните , туку е исклучиво на нивна штета.

-Господо од СДСМ дали е во интерес на граѓаните да го дадете водоводот и канализациониот систем на Охрид на странска фирма за период од три децении ? Дали е во интерес на граѓаните да поскапи водата за 40% од сегашната цена на водата? Дали е во интерес да се остават без приходи и да се ликвидираат две јавни претпријатија ?И за крај дали е во интерес на Охрид да се води постапка за концесионирање на водоводот, а тоа да се крие од јавноста и да се прави на еден крајно не транспарентен, мистериозен и таен начин од охриѓани и зошто била потребна таа тајност, па во архивите на медиумите не може да се најде ни еден збор објавен за оваа очигледно тајна процедура ?
Дали ако ова е во интерес на Охрид и на охрѓани ќе се чуваше во толкава тајност? – прашуваат од локалната самоуправа.

Со свое видување излезе и МЈП „Проаква“. Во соопштението за јавност, претпријатието ги отфрла обвинувањата од опозцијата и во детали го објаснува договорот, за кој, исто така, „Проаква“ тврди дека е штетен.

МЈП „Прокава“ информира дека не е потпишан договор за продажба, туку е постигнат концесиски договор во кој како договорени страни во овој процес и постапката која е доведена до потпишување на договор стојат од една страна (општина Охрид, општина Струга и „ПРОАКВА“), а од друга страна концесионерот во моментов „АКВАЛИА“ – Шпанија, стои во соопштението. Во него уште се наведува дека договорот не поминал на Совет на општина Охрид ниту на Совет на општина Струга.

OhridNews