Викендов во Штип се одржа последниот турнир во Олимписко Теквондо од првиот дел од Теквондо лигата за 2025 година, во организација на Македонската Теквондо федерација и Теквондо клуб Штип.

Учество зедоа околу 250 регистрирани натпреварувачи, од 13 клубови од државава, меќу кои и ТК Хваринг Фист од Лескоец, Охрид, кој настапи со 14 натпреварувачи во 3 старосни категории ,пионери, кадети и јуниори и постигна одлични резултати.

  • Ристе Ѓелески пионери -21кг борби, после 2 одлични борби го освои златниот медал
  • Ева Милошоска пионерки -36кг златна по одлична борба.
  • Петар Петкоски кадет -41кг после 2 извонредни борби го освои златниот медал и покажа дека покрај неговата категорија -37кг, е супериорен и во повисоката категорија и еден од најдобрите кадети во Македонија
  • Ненад Целески јуниори +78 кг златен медал, откако првата борба ја доби по откажување на противникот, во финалето го совлада натпреварувачот на ТК Корио со 2:0.
  • Ѓорѓи Петкоски јуниори -55кг бронзен по пораз во полуфиналето.
  • Јана Спироска после 2 супериорни победи, во финалето загуби за еден поен во третата рунда и го освои сребрениот медал.
  • Во истата категорија Доротеа Најдеска го освои бронзениот медал по пораз во полуфиналето.
  • Љубица Митреска, Стефани Целеска , Миа Тасевска и Марија Неделкоска го освоија сребрениот медал во своите категории, додека Теона Целеска по пораз во полуфинале мораше да се задоволи со бронзениот медал.
  • Емилија Целеска и Максим Ристески не успеаа да го минат првото коло.

Клубот изрази благодарност до родителите на натпреварувачите и поддржувачите.

Г.М.