Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 35-годишно лице од струшкото село Лабуништа.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 27 август минатата година во семејниот дом, кога, поради одредени семејни несогласувања и под дејство на алкохол започнал вербална расправија со неговата мајка, а потоа со физичка сила ја туркал и ја бркал од куќата, информираат од СВР Охрид.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот телесно ја повредил својата мајка и и го нарушил нејзиното здравје.

OhridNews