Вчера околу 10 часот во Вевчани, при местење олуци на викенд куќа, во еден момент од висина од 6 метри паднал 41-годишен жител на с.Лескоец, охридско. Тој со итна медицинска помош бил пренесен во болница „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди (скршеници во пределот на градите, бутната коска, рачен зглоб и потрес на мозок) поради што е задржан на лекување.

 

Увид на местото на настанот извршила екипа од надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга

OhridNews