Синоќа полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во домот на 52 годишен жител од охридското село Горенци, при што е пронајдено оружје кое нелегално го поседувал.
Пронајдени се и одземени една ловна пушка „Монте Карло“ калибар 12 милиметри и 30 куршуми за ловна пушка различен калибар што нелегално ги поседувал. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
OhridNews












