СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ќ. (23) од струшкото село Шум, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Во август 2011 година на граничниот премин „Аеродром“ Охрид, при ренген контрола на багажот на пријавениот, детектирани биле два куршуми-пиштолска муниција калибар 6,35мм.












