
На 25 март оваа година, во куќа на улицата „15 Корпус“ во Струга двајцата пријавени се затекнати при пакување опојна дрога хероин и марихуана наменета за натамошна продажба на наркозависници.
При претресот во една од собите, на маса каде биле пријавените, забележана е истурена прашкаста материја со кафеава боја што според нив, била набавена од лице од Велешта по цена од 6.000 денари. Пронајдени се и неколку пакувања со хероин и марихуана и поголем број парчиња од најлонска и алуминиумска фолија за пакување на дрогата.
Дополнително, во левиот џеб од јакната на едниот од осомничените пронајдена е марихуана во пакување од 28 грама што тој требало да ја однесе за продажба по претходен договор со наркозависник од Струга.
OhridNews












